Улиците на големите модни центри за време на модните недели се претвораат во модни писти на кои дамите со стил ќе ги прошетаат најоткачените чевли и чантите со необичен принт. Чизми со цветен дезен на „Луј Витон“, духовитите мотиви на чантите од Анја Хајндмарч, клач чанти во неочекувани шари, впечатливи прстени, папучи со крзно од „Рошас“, чевлите на Стела Макартни со ѓон од дрво и црвена гума, чантите на „Фенди“ со привезоци, очила за сонце „украсени“ со гуштери, ова се највпечатливите модни додатоци.
Нема коментари