Во пресрет на овогодинешното доделување на наградите Златен глобус што ќе се одржи викендов, да се потсетиме на најгламурозните тоалети и најсмелите стајлинзи што филмските ѕвезди ги носеа на црвениот килим во минатите години. Галеријата на незаборавни модни моменти ја започнуваме со изгледот на Шарлиз Терон од 2012 година, која изгледаше восхитувачки во бледо розов фустан од колекцијата на висока мода на „Диор“ и накит на „Картие“, а следат Никол Кидман, Анџелина Џоли, Кејт Бланшет, Џесика Алба, па дури и Мајли Сајрус пред фазата на разголување на јавни настани.
Нема коментари