Во еден од најголемите музеи во светот, њујоршкиот Метрополитен, вечерва ќе се одржи годишниот бал на Институтот за костими како најава за новата изложба на тема Charles James: Beyond Fashion (Чарлс Џејмс: Над модата), а со дрес-код кој вели дека мажите треба да бидат облечени во црни фракови, бели елеци и бели пеперутка-вратоврски, а жените во вечерни тоалети. На традиционалниот бал познат како Мет Гала се собира светската елита, најважните луѓе од модата, забавната индустрија, политиката и медиумите, а настанот во однос на стилот и црвениот килим се смета за втор по важност после доделувањето на „Оскарите“. Ѕирнавме во архивите од претходните настани и направивме селекција од најдоброто од црвениот килим од гала вечерите во Метрополитен. Претходните изложби во музејот беа на различни теми – спојот на панкот и високата мода, дивата убавина на Александар Меквин, англоманија, идентитетот на американската жена, модата и фантазијата, поставки за големите дизајнери Прада Скјапарели и Поаре, овогодинешната посветена на американскиот кутуриер Чарлс Џејмс ќе биде отворена на 9 мај.
Нема коментари