Стилска смелост, доза на недпредвидливост и избор надвор од вообичаениот холивудски шаблон на долга светкава тоалета (веќе илјадници пати видена) е формулата за успешен стајлинг за црвен килим за важен настан со црвен килим. Во тој аспект, најдобрите изгледи од вчерашното доделување на телевизиските награди Emmy се оние што се базираат на храбар избор и модерен гламур за 21 век. Една од актерките што се најде на повеќе листи за најдобро облечена е Кери Вашингтон која беше облечена во светкав фустан од последната колекција на Марк Џејкобс, а пофалби добија Тараџи П. Хенсон во црн фустан со проѕирен дел од Александар Ванг, и Лејди Гага во за неа смирена комбинација дело на нејиниот пријател и личен стилист Брендон Максвел, како и Сара Полсон во тоалета од Прабал Бурунг и Клер Дејнс во светкав модел од „Прада“. Еве го нашиот избор.
Нема коментари