Оскаровката Џенифер Лоренс е на врвот на листата со 50 најдобро облчени жени според модниот магазин Glamour. Ѕвездата на „Игри на гладните“ дојде на местото на Кристен Стјуарт, која две години со ред беше именувана за девојка со најдобар стил, а овој пат е на третата позиција. На второто место е актерското и модно откритие на годината, Лупита Нјонго. Топ-5 листата ја комплетираат актерките Ема Вотсон и Блејк Лајвли. Во продолжение се Анџелина Џоли, Војвотката од Кембриџ, Кети Пери, Џенифер Анистон и Ема Стоун.
Во објаснувањето, зошто Џeнифер Лоренс е прогласена за најдобро облечена од Glamour велат:
-Не е само до тоа што носи, туку како ги носи креациите. Џенифер прави гламурозен фустан од „Диор“ да изгледа подеднакво удобен како тренерки, а одлично ги носи и двата типа на облека.
На првото место листата за најдобро облечени мажи според Glamour е Том Хиделстон, а следуваат Роберт Патисон, Дејвид Бекам, Бенедикт Камбербетч и Хенри Кавил. За најдоброоблечена двојка се прогасени Бред Пит и Анџелина Џоли, следуваатЕма Стоун и Ендру Гарфилд, Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли, Викторија и Дејвид Бекам и Бијонсе и Џеј-Зи.
Листата со најдоброоблечени жени ќе биде објавена во ноемврискиот број на Glamour.
Нема коментари