Годинашните добитнички на „Оскар“- Кејт Бланшет и Лупита Нионго, британскиот актер Бенедикт Камбербеч и ѕвездата на „Како ја запознав мајка ви“ Нил Патрик Харис се најдоа на врвот на интернационалната листа на Vanity Fair за најдобро облечени.
Меѓу јавните личносто со најдобар стил се и крунисаната Принцеза Мери од Данска, Кралицата Максима од Холандија, и Војвотката од Кембриџ (или Кејт Мидлтон), која доби пофалба за влијанието што го има во модната индустрија. Таа влезе во специјалната категорија Hall of fame.
Кејт Бланшет, која го освои „оскарот“ за најдобра главна женска улога во филмотна Вуди Ален, „Тажната Јасмин“, одушеви со изборот на креации за време на сезоната на доделувања на награди. Според тимот на Vanity Fair, долго ќе се памети црниот фустан со потпис на Giorgio Armani Prive, што го носеше на „Златен глобус“, кој е еден од највпечатливите модни моменти во 2014 година.
Младата Лупита Нионго, која се прослави со улогата во „12 години ропство“, за кусо време стана модна икона, со препознатлив, современ стил. Покрај овие две актерки високо на годишната листа на магазинот се и Ема Вотсон, Мишел Докери и Еми Росум.
Кај мажите со својот елегантен, џентлменски изглед одушевија и Идрис Елба и Еди Редмејн, а со своите храбри модни решенија и уникатната бафало-капа, добро котира и музичарот и продуцент Фарел Вилијамс. Комплетната листа на најдобро облечени личности во 2014 ќе биде објавена на 12 август, кога излегува новиот број на Vanity Fair. Листата на Vanity Fair веќе 74 години, е еден од нај релевантните барометар за стилот на холивудските ѕвезди идругите јавни личности.
Нема коментари