Продолжението на филмот „Најдобриот егзотичен хотел Мариголд “ од денеска ќе се најде на репертоарот на скопските кина. Режисерот Џон Маден ја собра оригиналната постава која ја предводат Џуди Денч, Меги Смит, Бил Наји и Дев Пател, а новите лица се Ричард Гир и Темзин Грег. Британската комедија „Најдобриот егзотичен хотел Мариголд” од 2012 година. претставуваше вистинско освежување во форма на приказна за група британски пензионери кои тргнале во авантура, со постава која ја сочинуваа славни и искусни британски актери. Главните јунаци донесоа храбра одлука пензионерскиот живот на островот да го продолжат во Индија во „луксузниот дом за зрели години“.
„Најдобриот егзотичен хотел Мариголд 2“ се наоѓа сред Раџастан, една од најсиромашните индиски држави, Сони (Дев Пател) фрлил око на еден имот, бидејќи во неговиот прв потфат Најдобриот егзотичен хотел Мариголд „за постари и убави“ останала само една слободна соба, што претставува проблем за новите гости Гај (Ричард Гир) и Лавинија (Темзин Грег). Додека мечтае за новиот хотел, Сони планира брак со Сунаина (Тина Десаи), која е љубовта на неговиот живот.
Во месеците меѓу монсунските дождови и летната жештина, цела Индија се претвора во огномет од бои и славје, бидејќи тоа е сезоната на венчавки. Индиските венчавки се настан од огромна важност – не се венчава само заљубениот пар, туку се спојуваат и нивните семејства и венчавките во Индија никогаш не се скромен, интимен настан, туку претставуваат голема прослава на која присуствуваат сите од животите на младенците. Режисерот Џон Маден ангажирал локален планер на венчавки, кој му помогнал околу сите детали за венчавката на големото платно да изгледа автентично. Маден од самиот почеток го замислувал танцот како важен дел од приказната, со оглед на тоа што Сони сега се наоѓа во ситуација која мнозинството од Индијците со задоволство ја прифаќа. Меѓутоа, неговата несигурност испливува на виделина.
На филмот работел кореографот Логинус Фернандес, а главната тема за централниот танц во филмот е песната од боливудскиот хит-филм Jhoom Barabar Jhoom. Дев Пател го прокоментира танцот: „танцувањето е важен дел од индиската венчавка и танцот на младенците со семејството има централно место во свадбата. Со Ол Паркер разговарав како не сакам да танцувам.. На моја среќа Сони успеа да се снајде и сега танцувам како Траволта. Верувам дека гледачите ќе уживаат во сцената со танцот на крајот во која сите танцуваат”.
Нема коментари