Признанијата за најдобри ресторани во светот поддржани од San Pellegrino беа доделени деновиве, а жири комисијата првото место го додели на El Cellar de Can Rosa од Џирона, Шпанија. Водечката позиција на најпрестижниот избор е ресторанот што го водат тројцата браќа Рока, поседува три Мишелин-ѕвезди, се наоѓа во близина на Барселона и има толку долга листа на чекањешто ако сакате да резервирате без врски, може да добиете термин дури во 2020 година.
Шпанските ресторани и медитеранската кујна доминираат на листата, па на второ место е Osteria Francescana во Модена, Италија, во кој главниот кувар Масимо Ботура креира креативни ремек-дела од локални состојки. Ланскиот победник, ресторанот Noma во Копенхаген, Данска, падна на трето место. Ресторанот на славниот Рене Реџепи, кој е со потекло од Македонија, има култен статус и со години е во врвот на светската гастрономија благодарение на необичните рецепти од најсвежи состојки и философијата на готвење надвор од границите на традиционалното кулинарство.
Овој избор се смета за најверодостоен показател за најдобрите во полето на гастрономија во кое се спојуваат микс на вкусови, талент, искуство и традиција, генијалност во смислување нови рецепти и негување на она што се нарекувa Haute Cuisine.
Еве ја листата на првите 20 најдобри ресторани:
1. El Celler De Can Roca, Џирона, Шпанија
2. Osteria Francescana, Модена, Италија
3. Noma, Копенхаген, Данска
4. Central, Лима, Перу
5. Eleven Madison Park, Њујорк, САД
6. Mugaritz, Сан Себастијан, Шпанија
7. Dinner by Heston Blumenthal, Лондон, Велика Британија
8. Narisawa, Токио, Јапонија
9. D.OM, Сао Паоло, Бразил
10. Gaggan, Бангкок, Тајланд
11. Mirazur, Ментон, Франција
12. L’Arpège, Париз, Франција
13. Asador Etxebarri, Ачондо, Шпанија
14. Astrid y Gastón, Лима, Перу
15. Steirereck, Виена, Австрија
16. Pujol, Мексико Сити, Мексико
17. Arzak, Сан Себастијан, Шпанија
18. Le Bernardin, Њујорк, САД
19. Asurmendi, Ларабецу, Шпанија
20. The Ledbury, Лондон, Велика Британија
Нема коментари