Од 30 септември до 4 октомври, традиционално по деветти пат во Скопје ќе се одржи најпознатиот македонски вински фестивал -Вино Скоп 2015. Потврдено е учеството на над 20 најдобри македонски вински брендови кои како и секоја година по промотивни цени ќе ги презентираат своите вина, а ќе има и вкусни македонски деликатеси кои одлично одат со добра чаша вино. Покрај големата понуда на вина и деликатеси, пет дена ќе имаме можност да уживаме и во богата музичка програма. Ќе слушнеме шлагери, рок, популарна музика, филхармонија со преработки на светски хитови, реге, ирска музика, џез, блуз, руски традиционални песни, македонски хитови, фолк, етно, ска, самба, труби… За да биде што повесело на Вино Скоп ќе се погрижат: Бојан Маровиќ, Дани Димитровска, Сара Мејс, Миле Кузмановски, Куку Леле, Eye Cue, Chill Play, Brass Brothers, Тони Зен и Флека, Лозано, Тијана Дапчевиќ, Суперхикс, Ристо Самарџиев, Тајзи, Бета Хаус, Самбанса, Коверленд, Калевала, Влатко Илиевски, Филип Џез Квартет, Кроз Роуд Блуз Бенд, Дј Славе, Дј Тина, Кепурдат, Rover’s Hangover, The Hounds, Караваниа, Дејан Цукиќ (екс Бајага и Инструктори) и други.
Поради тоа што фестивалот од година в година е се поголем, локацијата е променета. Вино Скоп 2015 ќе се одржи позади С.Р.Ц „Борис Трајковски” на паркингот кај Аква Парк. Фестивалот е во организација на „Темов” и со поддршка од град Скопје.
Нема коментари