Натпреварот на креации изработени со реупотреба на материјали Trash Fashion Macdonia по петти пат ќе се одржи во организација на Здружението на граѓани ОХО. Натпреварот наменет за сите средни училишта кои се вклучени во програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ која ја имплементира ОХO во соработка со Министерството за образование и наука на Република Македонија.Oфицијална ревија Trash Fashion Macedonia 2015, ќе се одржи на 3 јуни 2015 во МКЦ, по повод Светскиот ден на животната средина и на настанот ќе учествуваат тимови од повеќе од четириесет средни училишта во Македонија кои веќе четири месеци минуваат низ процесот на собирање, рециклирање и изработка на своите оригинални модни дизајни.
Оваа јубилејна петта година, една недела пред официјалнот настан, ќе има промотивна изложба со наслов „Дизајнерите за Trash Fashion Macedonia 2015” во која ќе учествуваат Јована Филиповиќ, Алмир Ибраим, Ирина Тошева, Драган Христов – Лудус и Билјана Клекачкоска. Тие ќе ја претстават свој дизајн на шапка изработена со реупотреба на материјали, а целта е да се покаже дека македонските дизајнери се свесни за животната средина и дека умеат да работат со нестандардни рециклирачки материјали.
Целта на Trash Fashion Macеdоnia е на иновативен начин да ги поттикне и анимира младите да ја развијат свеста за заштита на животната средина, собирајќи го отпадот околу нив и да креираат оригинални модели преку неговата реупотреба. Trash Fashion Macedonia е единствен настан од ваков вид во Македонија, за кој покрај македонските медиуми, објавуваат и повеќе светски медиуми како The Telegraph, Guardian, World Fashion и Gironalettisimo.
Нема коментари