Шведскиот моден гигант H&M продолжува со концептот на соработка со познати модни дизајнери кои создаваат колекција по достапни цени за брендот, следен во низата е Оливие Рустенг, креативниот директор на париската модна куќа „Балман“. Веста за новата соработка беше откриена на вчерашнто доделување на музичките награди на Bilboard, кога дизајнерот Рустенг се појави во друштво на манекенките Џордан Дан и Кендал Џенер, облечени во модни креации кои претставуваат прв поглед на изгледот на колекцијата на „Балман“ за H&M. Џордан и Џенер носат креации кои наликуваат на „Балман“, но всушност се првите две креации од колекцијата за H&M која што е најавена за есен и ќе почне да се продава дури од 5 ноември. Соработката ја потврди и H&M преку својот профил на „Твитер“, а брендот H&M досега има лансирано доста успешни колекции потпишани од Изабел Марант, Марџела, Карл Лагерфелд, „Ланвин“, Роберт Кавали, „Марни“, Александар Ванг, Comme des Garçons, Стела Макартни, Виктор и Ролф и други креатори и модни куќи.
Нема коментари