„Профемина“ е регионална конференција што се организира во повеќето земји каде се издава магазинот „Убавина&Здравје“. Во Македонија, годинава, „Профемина“ ќе се одржи вторпат, на 30-ти ноември, во хотелот „Александар Палас“.
Убавина, мода, нега, здравје, љубов, партнерства, мајчинство, професионален развој, финансии, се темите што ја засегаат модерната жена и токму тие ја наметнаа идејата и потребата да се направи еден поинаков концепт за дискусија – отворени панели. Целта е да се обезбедат повеќе различни аспекти – стручни мислења, искуства на учесниците во панелите, ставови, дилеми и прашања од присутните гости, бидејќи не секоја жена ги поседува истите шанси да ги добие одговорите на прашањата што ја засегаат.
Во фокусот ни е здравјето, на тие теми ние постојано инсистираме следејќи ги и доближувајќи ги модерните трендови во медицината, но и негата, убавината, а и можностите секој од нас да ја искористи моќта на социјалните мрежи на свој начин, па и за финансиски цели. Исто така естетските корекции и психолошките аспекти што ги предизвикуваат новите стандарди за убавина, правилната нега на зрелата кожа, потоа современата очна дијагностика и модерна хирургија, проблемите со детската и чувствителна кожа и дилемите на родителите за третман и нега, негата на скалпот и косата, приказни на жени што може да послужат како инспирација за негуван изглед во секое време. Здравата и актуелна храна во фокусот на социјалните мрежи, како и актуелните инфлуенсери, нивното влијание, заработката што се прави на социјалните мрежи.
Секој од панелите е конципиран да опфати повеќе различни ставови и аспекти, но свој удел ќе има и женската публика на панелите, која ќе има можност да поставува прашања и да сподели искуство или став.
Ова е ретка можност директно да добиеме совет од лекар за прашањата од нивната област во состав на темите, од професионалец за нега, професионалец за шминка, за разубавување, од најактуелните и успешни јавни личности и нивните приказни, од производителите и покровителите. Ги покануваме сите ваши читателки да ни се придружат, влезот е бесплатен, а бесплатни се и советите. Важно е само да го најават своето присуство на електронската пошта event@colormedia.com.mk најдоцна до 29.11.2018.
Нема коментари