Сега е времето да кажете ДА на фустанот на вашите соништа
Идните невести ќе имаат уште една шанса да ги видат најубавите венчални фустани на седмиот The Bridal Fashion Night закажан на 4 февруари, во Скопје Мериот хотел
Венчавката претставува еден од најважните денови во животот на една жена. Откако кажавте ДА сосема сигурно е дека сте преокупирани со организацијата на вашата венчавка од соништата. Бидејќи сме добро запознаени со овие околности, Моден Викенд Скопје во соработка со Скопје Мериот хотел организираат The Bridal Fashion Night – настан каде ќе имате можност одблизу да се запознаете со најновите креации на модните дизајнери на венчаници, целосната организација на венчавки од страна на посветениот тим на Скопје Мериот, како и предностите и погодностите кои тие ги нудат доколку ја организирате вашата венчавка во нивните простории кои наликуваат како да се од бајките.
Не ја пропуштајте шансата да се инспирирате за вашата идна свадбена ноќ.
На вечерта посветена на венчаници, свечени тоалети и се она што е потребно за организирање на свадбениот ден, ќе ги видиме и ревиите на најновите, прекрасни колекции на Анна Бора Ателјер, Минна Фешн, Marie Antoinette, Матронс и JZJ by Zlatko Jovanovski – Couturier со Колекцијата “JZJ THE GREAT”. На наше задоволство специјален гостин на ревијата ќe биде поп ѕвездата FJOLLA MORINA. Арт-студиото за цвеќе „Фа–Бу“ годинава ќе претстави нова уникатна креација на “The Bridal Fashion Night”. „Фа–Бу“ е специализирано арт-студио за изработка на несекојдневни фустани од свежо цвеќе.
Идните невести кои сакаат да присуствуваат на настанот треба да испратат нивно име и презиме, возраст, местата кои ги земаат како предвид за организирање на свеченостa, датумот на истата, како и кратка верзија на љубовната приказна на следниот линк/формуларот тука: https://bit.ly/2W2CYLc најдоцна до 1 февруари.
Доколку го потврдиме Вашето место можете да присуствувате со уште едно лицe.
Бројот на места е ограничен и исклучиво со пријавување.
Нема коментари