Втората сезона на „Џентлмен магазин“ започнува со една многу интересна личност. Лазар Гечевски, поранешен директор на Агенција за енергетика, и комесар за натпревари во КФСМ. Лазар Гечевски е човек, џентлмен кој зборува за масонеријата, за тајните друштва. Интересна тема која со сигурност многумина од вас ќе сакаат да ја слушнат.
Според Лазар Гечевски, сите ние треба да оставиме траг во животот, по кој ќе не паметат. И таа филозофија, искрено ја прифаќаме. Таа филозофија е дефинитивно филозофија за секој од нас, без разлика што и да правиме во животот.
Во оваа втора сезона на „Џентлмен магазин“ има и уште еден новитет “Школа за џентлмени“ со водителот Жарко Димоски, кој ќе ве одведе во светот на модата и стилот, на бон тонот, на добрите навики.
Затоа вечерва од 21:20 бидете на МТВ1 и гледајте ја новата сезона, со нови моменти. Бидете џентлмени и негувајте добри навики.
Нема коментари