Утре, 13 декември, со почеток во 20 часот во Јавна соба ќе биде отворена изложба на новата колекција на накит на брендот HERITAGE на авторката Елена Кичевска. Колекцијата е наречена „Триста чуди“ и ќе биде поставена во поткровјето на Јавна Соба.
Ова е втора самостојна изложба на дизајнерката Елена Кичевска. Првата изложба и првото претставување на HERITAGE се случи во 2015 година, кога уметницата изложи 40 парчиња на накит и 9 икони со инспирација од византискиот период.
Нема коментари