Британското издание на познатиот магазин Harper’s Bazaar вчера ги додели традиционалните награди за Жена на годината и на свечениот настан во лондонскиот хотел Claridge’s на едно место собра повеќе успешни жени кои оставиле печат во разни области. Марија Грација Кјури, првата жена креативен директор на модната куќа „Диор“, ја понесе наградата за најдобра дизајнерка, Викторија Бекам наградата на британски бренд на годината, а Моли Годард е прогласена за дизајнерка во подем.
Во делот на манекенството дев инспиративни жени ги добија наградите на Harper’Bazaar – плус сајз моделот Ешли Греам е Манекенка на годината, а Адвоа Абоа е Пример на годината.
Призаннија добија и неколку актерки: Кејт Винслет е Британка актерка на годината, Шарлот Ремплинг прогласена е за Британска икона, Кери Малиген доби Награда за филантроп, а Џоди Фостер Награда за инспирација.
Нема коментари