Годишните награди со кој Советот на американските модни дизајнери (CFDA) ја сумира работата на најважните модни креатори во САД, се одржаа вчера во њујоршкиот Линкол центар, а според критериумот на советот за најдобар е прогласен Џосеф Алтузара. Тој наградата за најдобар дизајнер на женска облека ја доби во силна конкуренција на Александар Ванг и Марк Џејкобс, а во категоријата за машка облека победија Максвел Озборн и Дао Ји-Чо. Сестрите близначки Мери-Кејт и Ешли Олсен ја зедоа наградата на „Сваровски“ за најдобри модни додатоци, а компанијата „Сваровски“ додели уште три награди за надежни дизајнери – на Шејн Гебиер и Кристофер Питерс од Creatures of the Wind за женска колекција, Тим Копенс за машка колекција, и на Арјин Ноувирт за дизајн на модни додатоци.
Советот почесната награда за животно дело што го носи името на славниот дизајнер Џофри Бин годинава му ја додели на Том Форд, а Раф Симонс од „Диор“ доби признание за најдобар дизајнер на меѓународно ниво. Најконтроверзно појавување имаше Ријана, добитничката на наградата за модна икона, која на релевантниот моден настан се појави облечена во исклучително проѕирна тоалета од Адам Селман и уште еднаш покажа дека е подготвена за секаков стилски ризик за кој потоа многу долго ќе се зборува. Доделувањето на наградите на едно место ја собра модната елита, задолжителната Ана Винтур, голем број на дизајнери и супермодели, познати актерки и пејачки.
Нема коментари