Момчето со име Патрик или „инстаграм“ профилот @aguynamedpatrick ја понесе наградата за „инстаграмер на годината“ според CFDA, Советот на американските модни дизајнери кој уште на почетокот на месецот го најави ова нововостановено призание, за што и претходно пишувавме. Сопственикот на профилот Патрик Џанел победи откако собра над 100.000 „лајкови“, а предност зад другите номинирани во оваа категорија постигна благодарение на своите постови во кои открива весели модни комбинации, фотографии од патувања и омилената тема на инстаграмерите, фотографии од храна. Патрик исто така во последниве десет дена направи серија на фотографии во соработка со дизајнерот Том Браун.
-„Инстаграм“ е медиум кој треба да се подразбере под свои услови. Често велам дека фотографија што изгледа добро во едно списание или во галерија, не секогаш функционира на „Инстаграм“ и обратно. При фотографирање во предвид ги земам сите аспекти: боја, композиција, контекстот на фотографијата, пораката што ја открива, па дури и тоа како изгледа во споредба со останатите слики од профилот. Во суштина, совршениот „Инстаграм“ треба истовремено да изгледа неверојтано и да се поврзе во смислен начин со оние што го следат профилот – смета Патрик.
Нема коментари