Кожата во есенски и зимски услови лесно се дехидрира и треба интензивно да ја негуваме. Рацете се најранливи, бидејќи тука кожата е доста чувствителна и исто како и лицето, лесно може да ги открие годините. Како најизложен дел од телото заслужува посебна нега, па еве неколку совети.
Секогаш носете ракавици и кога сте надвор изложени на ветерот и ниските температури, но и дома кога чистите. Зимските услови предизвикуваат појава на пеги и старечки дамки кои ќе бидат видливи во иднина, а дома топлата вода и средствата за чистење ја сушат кожата дополнително.
Редовно мачкајте крем за раце, погодно е дури да имате крем во чантата и да ја обновите негата кога ќе почувствувате потреба. Користете крем со заштитен фактор, заштитата од сеонце е важна преку целата година, не само во лето и на плажа. Еднаш неделно правете пилинг на рацете, за се отстранат мртвите клетки, со што ќе се овозможи состојките од кремите лесно да продрат во кожата и да обезбедат вистинска нега.
Негувајте ги дланките на и во делот околу ноктите и редовно нансувајте масло за нега на нокти и заноктиците.
Во студениот период не ги мијте рацете со врела вода, така дополнително ќе ја оштетите кожата. Мијте ги со млака вода и користете благи сапуни.
Инвестирајте во квалитетен крем за раце, не штедете на негата на рацете. И мачкајте доколку е потребно и по 5-6 пати на ден. При изборот на креми, важни се две компоненти – состојки кои го спречуваат сушењето и состојки кои ја хидрираат кожата. Масло од јојоба, шеа путер, вазелин и ланолин се состојки кои ја спречуваат загубата на влага, а за да ја задржите потребни се глицерин, хијалуронска киселина, уреа и алфа хидроксилна киселина.
Ако кожата е веќе испуканa, поголемите oштетувања ќе ги ублажите со крем богат со какао или шеа путер, пчелин восок и силиконско масло диметикон. Доколку е потребно намачкајте дебел слој на крем, ставете ракавици и оставете да делува преку ноќ.
Нема коментари