Облекувањето според професионалниот дрескод зададен во вашата фирма не значи игнорирање на сопствениот стил и на тековните трендови. Класичните модни парчиња како костимите, молив-здолништата и белата кошула секогаш се добар и непогрешив избор за во канцеларија, но и тие секоја сезона се надградуваат и модернизираат. Еве неколку шик идеи за деловен изглед со кои ќе го дополните гардероберот оваа сезона и во претстојната пролет – тренди широки панталони, кошула-фустан во нова форма, мокасини, костим во неутрална нијанса, беж мантил, чанта за на рамо и секако елегантен часовник.
Нема коментари