Актерките Кејт Бланшет, Хелена Бонам Картер, Ема Вотсон, топ-моделите Кејт Бланшет и Кара Делевињ, како и кулниот моден креатор Ралф Лорен, беа дел од гостите на донаторската вечера во дворецот Виндсор во организација на Британскиот принц Вилијам. Настанот, кој се одржа вчера, беше во чест на работата на The Royal Marsden Hospital, чиј претседател е токму Вилијам. Меѓу присутните не беше неговата сопруга, Војвотката од Кембриџ, која останала во нивниот дом да се грижи за нивниот син Џорџ.
На црвениот килим се појавија и ѕвездата на „Шерлок“, Бенедикт Камбербетч, актерката Софи Тарнер позната од „Игра на Троновите“, дел од екипата на серијата „Опатијата Даунтион“, како и славниот фотограф Марио Тестино. Гостите покажаа висок сенс за елеганција, со модели претежно во црна, сива и бела боја. Дамите носеа класични тоалети, со дистретен накит и стајлни, а мажите беа во црни костуми. Поголемиот дел од гостите на настанот носеа креации од Ралф Лорен, кој најави дека во рамки на болницата ќе финансира нов оддел за рак на дојките.
Нема коментари