Студеното и магловито попладне не ги спречи вчеравечер љубителите на модата да го посетат ателјето VIBRAZIONI на талентираната креаторка Александра Митковска. Од 17 до 22 часот во пријатна модна атмосфера Митковска им помагаше на посетителите да го изберат идеалниот капут или палто од нејзината прва колекција со сериско производство наречена „Премиера“.
Екипата на Stylist.mk имаше можност да се увери во квалитетот и уникатноста на моделите, чии прототипови првично ги погледнавме на есенското издание на Модниот викенд -Скопје. На допир моделите се меки, а кога ќе ги пробате се удобни и топли. Неспорен е уникатниот и нескојдневен изглед. Одушевуваат иновативните интервенции на Митковска, како вметнувањето на магнет, копчиња од кожа, шал скроен во самиот капут, палта со два слоја….
Комерцијалниот дел на „Премиера“ е произведен во 3.000 парчиња и доминираат црната, сивата и белата боја, како и карираниот принт и е наменет како за домашниот така и за странските пазари. Наскоро моделите ќе бидат во продажба и во Белград, Софија, Загреб, Сараево, Тирана и Милано. Шоурумот и бутикот VIBRAZIONI by Aleksandra Mitkovska се наоѓа на ул: „11 Октомври“ бр. 86 (спроти Државниот пазарен инспекторат) во Скопје.
Погледнете што забележа фотообјективот на Stylist.mk.
Нема коментари