Бохо-кошула, џинс-шорц, кафтан-фустан, сандали, очила за сонце, голема торба и сламен шешир се седумте неопходни парчиња за в лето, што ги купувате еднаш, а ги носите со години. Околу нив се врти идеалниот лежерен изглед за на плажа. Но, тие не се наменети само за на одмор, туку може да ги носите во вашите кежуал изданија в град. Не се врзани со трендови, ниту со одреден стил, тие се секогаш актуелни и прилагодливи во различни комбинации.
При изборот на шешир за на плажа имајте на ум дека тој пред сè треба да биде функционален и да ве заштити од силните сончеви зраци, затоа квалитетот треба да биде приоритет. Покрај тоа што треба добро да легне на вашата глава, треба да го сокрива барем пределот околу лицето и вратот, а пошироките модели – рамената и горниот дел од торзото, кои најчесто се изложени на горење.
Иако постојат машки и женски модели на шапки, кај сламените шешири границите често се избришани. Доста се носат сламените варијанти на федорите, на качкетите, морнарските модели, како и ретро капите од почетокот на минатиот век, со дебела црна и темносина лента. Моделите со помала стреа можете лесно да ги носите во повеќе градски комбинации, додека тие со драматична лелава стреа се идеални за ден поминат на сонце или плажа.
Покрај стандарната светлокафена, бела и жолтеникава нијанса, може да изберете и сламен шешир сенчан со повеќе тонови, или пак во некоја впечатлива боја (портокалово, зелена, сина, розова, виолетова…). Похрабрите може да набават црн шешир, кој има широка примена и во другите сезони.
Летово одлично се вклопуваат во бохо-стилот, и се идеална комбинација со блузите и фустаните со голи рамена. Во урбана средина може да ги носите буквално со сите летни фустани, килот панталони комбинирани со бохо кошули, или пак со мини здолништа и краток топ. Му даваат лежерен и ретро шмек, но дури и машките модели на шапки, знаат да ве направат поженствени и грациозни.
Стариот, но добро зачуван шешир, можете да го освежите со некова врвца или панделка, марама, или пак да вметнете некој украс, цвеќе, колоритни топчиња и слично.
Нема коментари