Со завршувањето на Миланската модна недела, модната толпа се сели во Париз, но пред да се посветиме на последната од четири главни модни недели, да направиме резиме на Милано и и на претатсвувањата на колекциите за пролет-лето 2016 од претежно италијанските дизајнери и модни куќи, кои се движеа од елегантни преку секскапилни до комични. Главните тенденции кои можеа да се забележат се морето како инспирација и морнарскиот стил, изобилство од пруги во секакви варијанти, бомбер-јакна во комбинација со фустани и доста животински принт. За следната сезона дизајнерите предлагаат и ултра женствени фустани, мноштво сребрена и смарагдно зелена боја, украсување на ткаенините со блескави камења и вез, како вечната црно-бела комбинација.
За време на одржувањето на манифестацијата, се случи хуманитарен гала настан на amFAR, голема забава одржа и Рикарди Тиши по повод една деценија во „Живанши“, а во Милано кинеското издание на Vogue одбележа јубилеј од десет години изадавње на модниот магазин. Презентација на чевли одржа и блогерката Кјара Ферањи. Манекенка Елена Трајановска, единствената македонска моделка активна на светските модни недели, се појави на ревиите на No. 21 и на Ермано Шервино. Веќе ве информиравме за ревиите на Долче и Габана и „Гучи“, еве еден преглед и на другите колекции.
Џорџо Армани се претстави во финалето на модната недела во Милано и прикажа колекција во која доминираат тегет и повеќе нијанси на црвена боја, линии, органза-панталони комбинирани со палта, транспарентни материјали и спортски детали со луксузен изглед. Во карактеристичните чисти линии Армани вметна и мониста, светки и реси.
Пруги во изобилство и спортски стил е забележан кај Мисони, а брендот за оваа колекција соработуваше со Converse и создаде All Stars патики во линии и со препознатливата цик-цак шара на Мисони. Интензивните црвени тонови, жолтата и и портокаловата боја додаваат топлина во колекцијата.
Колекцијата на Салваторе Ферагамо содржи пруги, плисе и бисери како главни елементи, деконструкција на кроеви и позајмување на машки елементи, но и нежна игра на деликатни материјалии женствени креации.
Кај Марни – бои, слоевитост, геометрија, прочистен дизајн и впечатливи модни додатоци.
Dsquared2 – спортска, заводлива и опасна мода за жената што е наклонета за сурфање и висока мода е инспирацијата за оваа колекција полна со тропски принт, слоевити елеци, тул испечатен со тетоважи, бикини во спој со јажиња, неопрен во комбинација со светки и чанти украсени со школки.
Сензуална тантела, светол ботанички принт и добро скоени палта со свиленкасти пастелни нијанси за екстра женственост кај Ермано Шервино.
Првата колекција на Питер Дандас за Роберто Кавали донесе младешка облека инспирирана од уличната мода од 90-тите и многу фустани со карнери, облека во шербет-нијанси, смокинг сакоа и избледен џинс. Доволно за заокружување на сексапилна рокенрол естетика!
Донатела Версаче посегна по војничка инспирација и ја претстави жената во урбата џунгла. Таа како и секогаш ја слави жената и нејзината сексапилност, па не изостанаа мини фустаните и провокативните креации. Сето тоа дополнето со војнички јакни, фустани со нагласена половина и лесни шифонски фустани во разни бои.
Mијуча Прада прикажа моќна облека за самоуверени жени кои скаат смели комбинации и необичен принт, не се плашат да екпериментираат и, зошто да не, и да се намачкаат златен кармин на усните. Покрај златни усни, впечатливи се линеарните мотиви, мрежестите околувратници, уметнички мотиви, бомбастични обетки, балетанки со кугла, микс на ткаенини и шари, и чанти во кои доминираат пруги, змијска кожа и колор-блок ефект.
Алберта Ферети прикажа преубави фустани кои како да се креирани за антички божици – лелеави, женствени и во нежни бои инспирирани од пустината и сонцето. Приказната е дополнета со сафари костими, кимоно јакни и панталони на врзување.
Несомнено Џереми Скот сака да си игра со модата и во новата колекција за „Москино“ прикажа дречлива, кичеста и по малку луцидна колекција на писта која изгледаше како градилиште. Вредно или не, допадливо или грдо, што и да прави Скот има ефект, бидејќи откако креира за италијанскиот бренд, продажбата е драстично зголемена.
Масимо Џорџети во својата прва колекција за „Пучи“ позајми инспирација од природата, тропските принотви, но најмногу од морскиот свет – риби, бисери, межеста ткаенина…
Карл Лагерфелд и Силвија Фенди за „Фенди“ предлааат пуф-ракави, нагласени раменици инспирирани од викторијалнското доба, многу јаки бои и чанти украсени со цветни мотиви.
Нема коментари