Проследуваме уште една интересна фотосесија на македонската компанија за часовници MY:TIME од серијалот #МоментиЗаНас, во фокусот на новата фотоприказна на која повторно соработуваа Александра (@aaaesthete) и Борјана (@bor.jana), е часовникот Versus Versace Tortona. Фотосесијата е наречена ‘Orphic’ што значи мистериозно и привлечно, нешто надвор од вообичаеното разбирање. Со оваа фотосесија серијалот #МоментиЗаНас добива сосема друга и поинаква димензија, а за градењето на овој мистериозен свет раскажуваат неговите креатори Александра и Борјана.
Александра: За изведбата на оваа фотосесија имав потреба да излезам од комфорот во моето студио. Првичната идеја беше да се преселиме во Музејот за илузии, но бевме принудени сами да „изградиме“ сценографија која ќе ја пренесе таа енергија во поткровјето на Борјана.
Борјана: Морам да споменам дека многу ми се допаѓа како го вметнавме овој елегантен часовник во светот на илузијата и магионичарството, како со помош на самата сценографија, така и со помош на самите ретро авангардни аутфити.
Александра: На петте фотографии сакавме да прикажеме пет различни илузии, за што беше потребно истражување, барање соодветни предмети и неколку часови „arts and crafts“. Покрај светлото, кадрите и самата сценографија, визуелната естетика e надополнета со ексцентричниот аутфит на Борјана, со фокус на Versus Versace Tortona часовникот.
Борјана: Во прв момент кога ќе го здогледаш Версус часовникот, голем впечаток оставаат лавовските глави на ремчето на часовникот, кои не може да ги забележиш на било кој друг часовник и кои според мене се симбол на “boldness”.
Александра: Малите лавовски глави, кои се среќаваат кај повеќето Versus Versace модели, го пренесуваат неговиот луксузен, храбар и екстравагантен дух.
Александра: Кај овој модел, покрај неговата златна боја, карактеристични се патерните кои се вдлабнати на ремчето и рамката од часовникот, додека пак темната позадина става акцент на минималниот дизајн на стрелките.
Борјана: Овој часовник не би го носела во секојдневнието и на најобичен ден, напротив сметам дека Versus Versace Tortona е часовник кој заслужува да биде носен на некоја спектакуларна забава, која би наликувала на модерен бал. На овој часовник му прилега да биде истакнат, затоа што е повеќе од само еден детаљ во аутфит. Повеќе би рекла дека е водечка сила на аутфитот. Идеално искомбиниран го замислувам со долг, свилен, црн фустан на прерамки и со отворен грб.
Нема коментари