Телевизиска водителка, модел, автор на моден прирачник и стилска икона на новата генерација, Алекса Чанг сега се појавува и во улога на пејачка во видео режирано од Џиа Копола. Чанг вели дека многу сака караоке, па го избра токму караоке пеењето како модус да ја поддржи својата капсулна колекција на германскиот бренд за џинсAG Jeans , односно колекцијата AC for AG Jeans, која ќе се продава на онлајн-продавницата Mytheresa.com. А кога се промовира џинс, тогаш се пее Blue Denim од Стиви Никс.
Нема коментари