После еднодецениска изградба во Осло е отворен музеј посветен на норвешкиот сликар Едвард Мунк, експресионист и автор на многу славни дела, меѓу кои и напознатото „Крик“. Музејот „Мунк“ има модерен, испрекршен облик и е проект на шпанската архитектонска фирма „Естудио Херерос“. Сместен е на брегот во заливот Бјорвик во Осло, содржи 11 изложбени сали поместени на 13 ката, а е дом на 26.700 уметнички дела на уметникот.
Нема коментари