По три децении од култниот мурал на ликовната група ЗЕРО во ЈУ Младински културен центар, тогашен Дом на млади 25 мај, ЗЕРО, повторно обединети (Александар Станкоски, Беди Ибрахим, Златко Трајковски, Синиша Цветковски, Зоран Јаневски, Роберт Михајловски, Горанчо Ѓорѓиевски, Стефан Шашков и Владо Манчевски – Марсо; содуховен и творечки благословна Перица Георгиев – Пепси и Миодраг Десовски– Мишко, кои повеќе години се вон Македонија), пред нов предизвик: мурал со грандиозни димензии, 7,8 х 7.6 м. или вкупно 60м2 површина, од надворешниот ѕид на киното Фросина при ЈУ МКЦ .
-Потребата од каков било натамошен обид за експликација за значењето и големината на ваквиот зафат е целосно непотребна. Несреќен и брутален е суровиот факт дека градот Скопје, историска, географска, инфраструктурна, популациска…, според сите мериторни параметри, во 21 век, е сè уште град без ниту еден мурал! Си споменувате, во минатото муралот на ЗЕРО на фасадата кај боемската меана ЈОЛЕ, и муралот на „Куќата на зелените“ во градскиот парк, беа трајно уништени; истоветно и муралот на Мирослав Масин, Тања Балач, и Предраг Пепи Урошевиќ на некогашната стара железничка станица; како и муралот на ЗЕРО во штипскиот Дом на млади, иронично пребојадисан со поликолор „гнила вишна“. Подготовките за изработка на првиот мурал во градот Скопје се веќе завршени. Почетокот беше на 2 август, на Свети Илија, а пак на 7 септември, како сегмент од одбележувањето на дваесет и петте години независна Македонија ќе биде официјалната промоција муралот, в блиската иднина ќе биде осветлен и ќе биде поставена урбана опрема и зеленило- велат од МКЦ.
Покрај овој мурал, ликовната група ЗЕРО во исто време, додека го создава муралот на надворешниот ѕид од киното Фросина, ќе гореставрира и веќе постоечкиот нивни култен мурал во холот на МКЦ, кој исто така, планираме да го заштитиме и осветлиме со соодветна светлосна опрема со што во иднина ќе претставува постојана, трајна изложба, зашто е и првично создаден во средината на 80-тите.
Во текот на настанувањето на муралот, сиот процес ќе биде забележан од Стефан Шашков, зашто во наредната година, ќе биде промовиран документарен филм во режија на Александар Станковски.
Групата „0“-Зеро, во 80-тите години на 20 век претставуваше парадигма за вонинституционално генерациско дејствување на македонската ликовна сцена. Нивниот иронично критички уметнички став го означи методолошкиот и интерпретативен пресврт со раскинувањето на стереотипите на „големит емодернистички наративи“. Преку интертекстуалноста, интермедијалноста, пародијата или субверзијата на историскo-идеолошките дискурси со различните стилски пристапи, групата стана препознатлив знак за македонската постмодерна. По долгогодишната апстиненција и одржувањето на нивната ретроспектива (2010), таа повторно се реконституира со својот цинично-ироничен необароктен проект „Досие-шлепер“.
Од протозеро друштво произлезе „Зеро“ (нула, ништо, безначајност, бесконечност…), која е формиранаво 1985 година во ориенталниот амбиент и институциите на Старата скопска чаршија. Групата има хетероген состав и отворен карактер. Со првата изложба беше најавена нивната ориентираност кон мултимедиумски истражувања и излегување од етаблираните норми. Групата дејствуваше заеднички пет години и во тој период оствари специфичен спој на западната и на источната уметност и духовна традиција (неоекспресионизмот, поп-артот, стрипот, графититеитн.). Заедничкото цртање и сликање даде свежи и впечатливи примери на надреалистички „автоматски ракопис“. Во сликите и муралите остварија сложена и послободна експресивна и декоративна структура. Хибридните ликови, форми и знаци се колажно или монтажно поврзани на неочекуван и инвентивен начин. Светлиот топол колорит некаде е комбиниран со темни тонови. Групата„Зеро“го помина патот од непризнавање (одт.н. „музејскакритика“) до признавање од поширок круг публика и познавачи. За нив различноста значеше припадност кон една друга Европа – Uneautre Europe, сознание добиено по изложбата во Келн во 1990 година. Учеството во делата на групата се разликуваше меѓу членовите и публиката, се разликуваше од активност до активност, од настан до настан, од година до година. Важно е да се напомене дека, освен уметниците што ја сочинуваа срцевината на„Зеро“, многу други сликари, скулптори, музичари, писатели, критичари, поети, филозофи, новинари и студенти од различни факултети случајно, но постојано беа инволвирани во овој мошне редок феномен (барем што се однесува до Македонија) и ризоматски модел на партиципирачки и колаборативен уметнички проект. Затоа, кога се зборува за постконцептуалната тенденцијана„Зеро“, од големо значење е да се потенцира нивниот интерес за современата уметничка практика и средина (видео, инсталација, збиднување, аудио и видеоперформанс, мурална и јавнауметност, воопштено), како и заотворената, колективна, колаборативна и партиципирачкаструктурананивнотодејствување (на пр., нанесување разни сликовни„сигнатури“на ѕидна слика или, пак, заеднички потписи на проекти итн.).
Иако не постои манифест за„Зеро“, ниту, пак, пишана програма, за нивната партиципација и мултиплицитет може да проговорат непишаните принципи на нивната уметничка практика. Мноштво креативци од таа област, професионалци или аматери, беа добредојдени да учествуваат во остварувањето на одредени настани и да придонесат кон групните перформанси или јавни сликања.
Порадифактот што во годините по нивното разединување, во 1990 година (последната година пред Македонија да ја стекне својата независност), непостоеја никакви колективни уметнички збиднувања, Во 2010 година се случува нивната ретроспективна групна изложба во Националната галерија на Македонија и нивно враќање на уметничката сцена, а во 2011 се македонски претставницина 54-то Венециско биенале, а истата година следи и нивна изложба во Њујорк.
Нема коментари