После единаесет континуирани модни ревии на Моден викенд-Скопје дизајнерката Ирина Тошева одлучи новата колекција за есен-зима 2017/18 да ја претстави на поинаков начин – преку мултимедијална промоција што се одржа вчера во Telekom Innovation Center во центарот на Скопје. Инспирирана од емоциите, топлината, страста и конежот на стиховите од циклусот песни за Дениција од Петре М. Андреевски, Тошева претстави десет нови модели меѓу кои и неколку со впечатливи принтови како дел од нејзината естетика.
-Почувствував потреба да понудам едно сосема ново и незаборавно модно искуство. Се работи за мултимедијален проект, прв од ваков тип во нашата земја, што ќе ја прикаже македонската мода рамо до рамо со најновите светски трендови и технологии. Настанот е поддржан од topsi.mk – ни рече дизајнерката.
Ирина својата промоција ја почна со зборовите „Од љубовта кон жената до родољубието, во новите креации е преточен цел спектар на емоции. Сметам дека секоја жена е „нечија Дениција“, со кои го објаснува модно-поетското обединување вткаено во креациите. А тоа модно-поетско доживување вклучуваше и фотоинсталација, креации поставени на манекенски кукли, поетско читање, и на крајот од настанот откривање на новото модно видео кое ви го пренесуваме овде на Stylist.mk. Во креирањето Тошева користела природни материјали како памук и свила, а дизајнерката овозможи „резервација“ на лице место по „see now, buy now“ принципот.
Ирина Тошева есен/зима ’17′/’18 from Irina Tosheva on Vimeo.
Колекција есен/зима ’17/18 поддржана од #ТОПСИ/ Модели: Горјана Кулишевска и Марго Бојаџиев (Моделс Ин)/ Режисер: Марија Апчевска/Директор на фотографија: Гого Клинчаров/ Монтажер: Михаил Димитров/ Продукција: Лист Продукција/ Шминка: Виктор Мирчевски/ Фризура: Hair House/ Чевли: Super mode/ Благодарност до: ФХ3Х, Лајт Продукција, Порше Македонија, Миладин Паповиќ, Телеком Иновативен Центар
Нема коментари