Манекенот на модната агенција Моделс ИН Менаџмент, Мухамед Енуз, синоќа се појави на спектакуларната ревија на Moncler, голем настан пред катедралата Дуомо во Милано по повод 70-годишнината на овој светски познат бренд. Прославата беше замислена како перформанс со 1952 учесника, бројка во чест на годината на основањето на брендот, меѓу кои стотици модели, танчери и уметници, кои допринесоа плоштадот Дуомо да делува магично и спектакуларно.
-За Мухамед ова беше втор значаен проект во моделингот откако замина за Милано пред еден месец, каде воедно работеше и на кампањата за модното списание MM SCENE за брендот Balmain Hair Couture. Неговата интернационална кариера започна ова лето откако неговата матична агенција Моделс ИН Менаџмент во соработка со агенцијата Фокс Моделс од Белград решија да го пласираат во Милано.Карактеристичен и урбан Енуз направи одличен пробив на модната сцена носејќи ги со себе вродениот шарм и моќта за трансформација – вели Алек Наумовски од Моделс ИН Менаџмент.
Нема коментари