Еден од помаркантните машки модели кои се појавија во последниве години е младиот и харизматичен Мухамед Енуз. Само што почна со ангажмани во агенцијата Моделс Ин Менаџмент, веќе беше избран за новата кампања во рекламата за Водафон за Југоисточна Европа.
-Неговата појава и автентичност веднаш беше забележана од сопственикот на српската модна агенција Фокс Моделс од Белград, кој му понуди ексклузивен договор. Токму затоа Енуз беше повикан во Белград каде што работеше на новиот едиторијал за машкиот магазин MMScene. Со тимот кој го предводеше модниот фотограф Владимир Илиќ ни ја презентираа приказната за урбаното момче кое со помош на брендот Balmain фантастично ја стилизираат косата. Мухамед е толку моден и уникатен лик што интернационалниот моделинг ќе биде збогатен со уште една успешна модна приказна. Среќата ги следи храбрите и одлучните па посакуваме поволен ветер во неговите модни едра – вели неговиот матичен агент Алек Наумовски.
Нема коментари