Дизајнерското дуо повторно внесе староримска техника во своите креации, овојпат на серијата очила ги украси со микро-мозаик, традиционална техника на редење стаклени парчиња. Колекцијата Mosaico содржи очила во пастелни бои и со цветни украси со рамки составени од илјадници ститни мурано-стаклеца кои се рачно избрани и аранжирани да формираат мозаик.
Духот на старата Италија уште еднаш се покажа полн погодок за модната куќа на Доменико и Стефано, а колекцијата на очила, за сонце и диоптерски, веќе е на листата на најпосакувани модни детали за пролетната сезона.
Нема коментари