Големата четворка Париз, Милано, Лондон и Њујорк и понатаму важат за светски центри на модата, но модниот пазар се отвори на некои други дестинации, па уште неколку други градови добија значајно место на модната мапа. Московјаните и Русите воопшто никогаш не важеле за модно освестена нација, но во последните две децении се наметнаа како сериозно играчи за местото светски центар на стилот.
Модна недела: последното издание се одржа од 24 до 29 октомври 2013.
Шопинг: Секако дека не смеете да пропуштите легендараниот трговски центар ЦУМ, но вредат да се посетат дизајнерските продавници на улицата Тверскаја (една од најскапите улици во светот), како и луксузниот комплекс Барвиха.
Икони на стилот: Супермоделката Наталија Водијанова, Даша Жукова, како и ѕвездите на уличната мода Мирослава Дума, Елена Перминова, Вика Гажинскаја и Улијана Сергеенко.
Изглед: Повеќе е повеќе! Раскош и луксуз, крзно и скапоцен накит. Московјанките носат и фармерки, ама ги комбинираат со биркин-чанти изработени од најскапи материјали. Вечерно време сакаат да се облечат во фустанаи со металик-ткаенина и да се накитат со луксузен накит.
Каде да престојувате: Кога сте во Москва сакате луксузна хотелска дестинација, па нема да згрешите доколку го одберете Park Hyatt. (moscow.park.hyatt.com)
Каде да јадете: Ентериерот на ресторанот Турандот, целиот во огледала и рачно насликани фрески е она што навистина го очекувате од романтичната Москва. (turandotpalace.ru)
Каде да излезете: Забавата е загарантирана во O2 Lounge, бар на врвот на хотелот Риц Карлтон, сместен во близина на Црвениот плоштад. (ritzcarlton.com)
Нема коментари