Македонскиот бренд Лудус го претставува новиот моден фотоедиторијал Mornings Like This One, изработен во соработка со словенечкиот фотограф Маријо Жупанов, во Љубљана, Словенија со моделот Примож Пунгартник од агенцијата Имортал Моделс. Едиторијалот е беше ексклузивно објавен за првпат на берлинскиот интернет магазин Калтблут.
Овој месец излезе и петтото издание на словенечкиот печатен магазин М-mag (поранешна Модна), каде се најде верзија од едиторијалот во авторска пост-продукциска преработка од Жупанов.
Колекцијата е продолжување на потрагата на авторот Драган Христов во полето на естетиката, пропорциите и воспоставените принципи на дизајн. Златниот број Ф и други математички законитости, се дел од референците на оваа колекција, како и минимализмот во сликарството кај супрематистите и конструктивистите од почетокот на минатиот век.
Изработена во неутрални бои, а материјалите се исклучиво стопроцентно пиродни како памук, лен и свила. Кроевите се препознатливи за Лудус и јасно го отсликуваат латинското значење на името на етикетата. Елементот на изненадување е речиси присутен во секое парче од оваа колекција.
Колекцијата Ф може да се најде на веб продавницата на Лудус ludus.com.mk, во концептуалната продавница Пентља, на улица Мачкова 4, во Љубљана и на редовните поп-ап настани кај нас и во Европа.
Нема коментари