Неколку преслатки кученца го украдоа вниманието во новата кампања за колекцијата предесен 2019 на модната куќа Monse. Дизајнерите Лора Ким и Фернандо Гарсија покрај тоа што ги претставија новите модни парчиња, ја искажаа својата љубов кон животните и ја истакнаа важноста за вдомување и чување на бездомни кучиња. „Кучињата за нас се дел од семејството и често можете да ги видите во нашите канцеларии. Со оваа колекција сакавме да им помогнеме на институциите во решавањето со проблемот со бездомните кучиња“, велат дизајнерите на Monse кои за оваа цел соработуваа со шест стационари.
Во кампањата се појавуваат кучиња од неколку стационари и дизајнерите велат дека сите тие бараат нов дом и спремни се за вдомување. Позира и нивното куче Плутон. Исто така, Ким и Гарсија нагласија дека приходите од продажбата на неколку селектирани парчиња облека (ама и капутчиња и додатоци наменети за кучиња), ќе ги донираат во шесте стационари каде што е помошта неопходна. Дизајнерите дополнително донираат парични средства за бездомните кучиња, а манекенките волонтерски учествуваа во оваа кампања. Со овој потег Monse на одличен начин ја користат модата како платформа за подигнување на свеста во општеството за едно одредено прашање.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари