Модна ентузијастка, ексцентрична стилистка, сопственичка на еклектичен гардеробер, нетипична модна икона, Ана Дело Русо е пример за невообичаеност и поинаквост и кога се книгите во прашање. Во соработка со издавачката куќа Phaidon Дело Русо издава монографија која не е класична книга во формат на фотоалбум со фотографии, туку комплетен сет од книги, нотеси, попап сликовница, албум со сликички, стикери, хартиени кукли во стилот „Облечи ја Ана“, плакат, поштенски марки, дневник со фотографии од детството, примерок од списанието AdArchive со едиторијали на кои работела… Сето ова е спакувано во луксузна картонска кутија под името AdR Book: Beyond Fashion, и има за цела да ја опфати кариерата на Дело Русо и нејзината необарокна естетика. Ќе се продава од следниот месец и ќе чини околу 200 евра.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари