Модната куќа „Шанел“ ја отки новата кампања за модни додатоци за која ги ангажира Кристен Стјуарт, Ванеса Паради и Алис Делал да позираат во три модели на чанти. Фотографиите се минималистички, ги направи креативниот директор на „Шанел“, Карл Лагерфелд, а прво беше презентирана онаа со Кристен и чантата наречена 11.12. Остатокот од кампања ги содржи и фотографиите на Ванеса и Алис кои ги промовираат новите верзии на чантите Girl и Boy.
Нема коментари