Три нови колекции на тандемот „Еклектика“ наречени Adorn, Embracelet и Elven и колекцијата Orlando на Драган Христов од „Лудус“ ќе бидат претставени на изложба во магичниот амбиент на Капан ан во Старата скопска чаршија, закажана за среда, 10 јуни, во 19 часот. Насловена по четирите колекции, Adorn, Embracelet, Elven, Orlando, на настанот ќе може да се видат новите колекции накит на ателјето „Еклектика“ кое го сочинуваат Моника Лозановска и Александар Баки Милев, како и последната колекција на „Лудус“ овојпат збогатена со нови парчиња чевли и чанти.
ADORN, EMBRACELET
Инспирирана од боите, текстурите на различните материјали и нивните несекојдневни спојувања,од многубројните и долги патувања низ светот, Моника Лозановска и оваа пролет во веќе за неа добро препознатливиот стил, претставува две нови колекции на накит, прстени и алки изработени од различни материјали и камчиња во бои. Скулптурална во својот израз, колекциите се наменети за секоја сензуална, софистицирана и пред се храбра жена.
ELVEN
Последната колекција на Александар Баки Милев се прстени инспирирани од самовилското во секоја жена. Моќни, волшебни, со исконска сила во себе. Изработени се од чисто сребро со драгоцени камења.
Орландо е продолжение на концептот за родово неутрална облека започнат со истоимената колекција претставена оваа пролет. Лудус ќе ги претстави првите продажни модели на чанти и еспадрили изработени од реупотребена кожа во ограничена палета од бои.
Во продолжение фотосесии за новите колекции на Моника и Александар:
Нема коментари