Модниот дизајнер Зак Позен вчера неколку часа одговараше на прашања на читалети на сервисот Reddit, па меѓудругото зборуваше за тоа како е да се биде член на жирито во „Проект писта“, за дизајнот и модата, за неговата естетика, омилените нешта, за неговото шоу „Готвење со Зак“ и безброј други теми. Сепак, најинтересен е одговорот на прашањето „Кои трендови би ги забранил доколку има моќ“. Одговорот на Зак е духовит и сосема на место: „Возрасни хипстери, тие треба да им стават на крај на овој стил. Потоа апостолки во урбана средина, тоа е толку нехигиенски. И, генерално, богатите или „богатите деца“ кои се облекуваат како да се сиромашни, во валкана и неуредна облека. Тоа е обратно од снобизам и искрено да ви кажам навистина досадно. Што друго!? Чевли во кои жената едвај оди… Стравично и непростливо. Потоа премногу покажување гола кожа во јавност. Ако „носите“ толку многу гола кожа, може да станете нудист. Но, бидете сигурни да се намачкате со заштитен крем.“
Нема коментари