Британската дизајнерка Викторија Бекам прикажа дизајн за маица по повод 1 демември, Светскиот ден за борба против СИДА-та, односно бела маица на која е испечатена црвена панделка, симбол за овој ден и на борбата против СИДА и ХИВ-вирусот. Оваа маица се продава во нејзиниот бутик на Довер Стрит во Лондон и на нејзината онлајн продавница, а приходот е наменет за борба против СИДА. Викторија неодамна беше назначена за глобален амбасадор на добра волја на UNAIDS при Обединетите Нации. „Мојата лична посветеност да се подигне свеста и ресурсите за да се стави крај на епидемијата на СИДА ја делам со мојот бренд и затоа сакавме да го одбележиме Светскиот ден за борба против СИДА со иницијатива во која може да учествуваат и моите клиенти,“ изјави таа.
Нема коментари