Дизајнерот кој го отвори првото издание на Моден викенд-Скопје во 2009 година, Јован Петровски, вечерва ќе го отвори и јубилејнoto издание на манифестацијата, преку претставување на нови креации за брендовите SQUIRE и Blackout во просторот на мултимедијалниот центар „Мала Станица“. Модниот настан е закажан за 20 часот, а по ревијата на Петровски следи претставивањето на Јована Филиповиќ.
Јован Петровски успешно делуваше на домашната сцена, а пред неколку години се ппресели во Банкок, Тајланд, каде што предава и работи како декан на одделот за мода на „Академија Италијана“. Во Скопје доаѓа со две линии за кои креира, Blackout е полуксузната, а SQUIRE е подостапната, односно ќе претстави креации од двете линии во кое е креатовно инволвиран. Претставувањето ќе го збогати настапот на музичарот Сашко Костов и видео инсталации на Ице Капсаров.
Истата вечер своја колекција ќе презентира Јована Филиповиќ која низ своите модели за есен-зима 2014/15 ќе ни раскаже љубовна приказна во свила, кашмир, волна и памук претставена преку минималистички форми. Како и Петровски и таа ќе прикажи и машки модели, а колекцијата ја наречена Where The Wild Things Are (Таму каде што се дивите нешта).
Нема коментари