Пејачката Соланж Ноулс, помалата и постилски освестената сестра на Бијонсе вчера се венча за музичкиот продуцент Алан Фергусон, а за свадбата што се одржа во Њу Орлеанс таа избра елегантен фустан со наметка направен од страна на Умберто Леон од модниот бренд „Кензо“. Креацијата има симплифициран крој и трендовска наметка, а е стилзирана со сандали од Стјуарт Вајцман и златни масивни алки од Jill for Lady Gray. Секогаш е за пофалба изборот на малку необичен фустан кој отстапува од стереотипнити венчаници. Соланж има храбар и впечатлив и токму невообичаена венчаница добро ѝ прилега. Првите информации за свадбената облека ги доби Vogue само неколку часа по склучувањето на бракот, а се објавија и првите официјални фотографии на кои се може да видиме дека Бијонсе, нивната мајка Тина и останатите гостинки беа облечени во бели креации исто како и невестата. Сопругот на Соланж исто така беше облечен во бело, а тој избра костум, кошула и вратоврска од „Ланвин“.
Нема коментари