По серијата успешни концерти во Скопје во февруари годинава Каролина Гочева викендов настапи во родната Битола и во Охрид, како дел од коцертната промоција на нејзиниот последен албум „Македонско девојче 2“. Популарната Каролина повторно моќно и емотивно ги пееше песните, а на сцената на Центарот за култура во Битола, а потоа и во Охрид, таа блесна и со изгледот. За нејзиниот стајлинг се погрижи нејзината долгогодишна соработничка, стилистката и модна новинарка Цаци Паковска, која за разлика од скопските концерти за кои дизајнира специјални креации, овојпат избра модели од бутикот Zap Milano и ги комбинираше со неколку луксузни детали.
Според изјавата на Паковска, Каролина во Битола носеше темно син и долг фустан од Zap Milano, во комбинација со чевли од италијанскиот бренд „Ботега Венета“ и украс за коса специјално направен за настапот. Изборот на стилистката за Охрид беше краток, црн фустан од тантела од Zap Milano и чевли од „Баленсијага“, а стајлингот го дополни со шапка во бордо боја. За шминката на настапите се погрижи Ксенија Вангеловска, а за фризурата Кристина Серафимова.
Нема коментари