Единаесеттото издание на Моден викенд-Скопје што ќе се одржи од 1 до 5 април, ќе почне со забава и маскенбал во клубот „Станица 26“, а модниот дел го отвора Росица Мршиќ со ревија на 3 април, на една нова локација – катната гаража „Солунски конгрес“, на скопскиот „Кеј 13 ноември“. Токму на оваа локација, под мотото „Запрете, размислете и уживајте во моментот“ ќе се одржуваат ревиите од 3 до 5 април, а ќе се претстават Ирина Тошева, младите дизајнери Ивана Цветковска и Алмир Мири кои со својата презентација ќе ја поддржат кампањата „Да ставиме крај на насилството врз жените и девојчињата – Сега!“, како и дебитантот Дејан Тодоровиќ. Повторно ќе се претстават студените од Факултетот за арт и дизајн при ЕУРМ и изложба на професорите од истиот факултет наречена „Артерија-Антерија“, ќе ги видиме најновите колекции на модните куќи „Линеа“ и „Хера“, а „Фешн Груп Македонија“ ќе презентира капсулна колекција маички дизајнирани во соработка со познатата македонска блогерка Јована Зука. Гости на овосезонското издание на Моден викенд-Скопје се дизајнерката Флутура Дедиња, Венера Мустафа и модната куќа „Менакон“ од Косово, како и една од најталентираните млади српски дизајнерки Јована Марковиќ која освен во Србија своите креацииги продава и во Велика Британија и Москва. Официјалната програма ќе биде затворена со моден перформанс на Олгица Ѓоргиева. Во продолжение на манифестацијата кон средината на април ќе ги видиме моделите на Mcouture by Mila Kadriu. Моден викенд-Скопје ги продолжува соработките со регионалните модни манифестација, па така по настапите во Скопје, Ирина Тошева на 13 април ќе се презентира на на Љубљанската модна недела, а Мила Кадриу на Serbian Fashion Week, што се одржува од 20 до 26 истиот месец.
Во рамките на едукативната програма од 27 до 29 март во компанијатаза едукација и поддршка на млади таленти NewMan’s Business Accelerator во Скопје ќе се одржи работилницата на тема „Развој на моден бизнис“ под менторство на Жан Бутон. На 30 март во салата Дипломатик на Скопски саем во рамките на бизнис програмата на Моден викенд ќе се одржи Webinar. Со помош на најсовремената технологија на CISCO Македонија, основачот на Global Fashion Management Тиери Бајле во живо од Лондон ќе одржи предавање и менторски сесии. На настанот освен модни дизајнери ќе присуствуваат и претставници на македонски фабрики- членки на Текстилниот Кластер Македонија.Официјален партнер за фризура на единаесеттиот Моден викенд Скопје е Lakme во соработка со „Бубе Студио Ин“ а официјален партнер за убавина е Cosmo.
Нема коментари