Креациите на Росица Мршиќ отсега може да се најдат на американската онлајн платформа Nineteenth Amendment наменета за млади и независни модни дизајнери. Тимот од Nineteenth Amendment денес најави дека последната колекција на Мршиќ е достапна за продажба, а ќе се грижи и за пласман и производство на претпоследната колекција на дизајнерката во САД.
-Среќна сум што добив можност да ја пласирам оваа колекција преку Nineteenth Amendment. Како независен моден дизајнер, голем е предизвикот да се допре до поширока маса на клиенти на глобално ниво. Nineteenth Amendment е продажен партнер и платформа за производство која ми дозволува да продавам директно до крајните клиенти, врши промоција на мојата работа и воедно обезбедува беспрекорен квалитет на самото производство. Оваа компанија ми понуди начин како да го таргетирам пазарот во САД со минимален ризик – изјави Мршиќ за онлајн палтформата.
Росица Мршиќ важи за една од најуспешните модни дизајнери во Македонија. Има дипломирано моден дизајн на престижната Академија за визуелни уметности и дизајн во Утрехт, Холандија, и на Институтот за уметност во Чикаго, САД. Контуинуирано прикажува колекции, добитник е на награда на Stylist.mk за најдобра колекција на Моден викенд-Скопје, продава свои креации и надвор од Македонија (Австрија, Шварцарија, Бугарија), на неколку онлајн продавници, а отсега и на американскиот пазар.
-Ни претставува оргомна чест да и посакаме добредојде на Росица во нашио тим и се надеваме на одлична соработка – порача Аманда Кeртис, извршен дирекотр на Nineteenth Amendment.
Нема коментари