Креативниот директор на брендот „Живанши“ Рикардо Тиши пред неколку дека организираше голема забава на Ибица по повод својот 40-ти роденден, а се чини дека најпознатите стилисти, манекенки, музичари дојдоа да му го честитаат роденденот на дизајнерот. Кејт Мос се појави во проѕирен мрежест фустан под кој се ѕирка зелено бикини, Сиера во негова чест облече црна креација украсена со златни детали од „Живанши“, а забавата не можеше да помине без кланот Кардашијан и најдобриот другар на Рикардо, Канје Вест. Во клубот „Лос оливос“ се забававуваа и Педро Алмодовар, Наоми Кембел, Џесика Частеин, Наташа Поли, Ана Дело Русо, Џована Батаља, Маријакарла Босконо, фотографите Мерт и Маркус… Ова е избор од фотографиите што се вртат на „Инстаграм“ и на модните портали.
Нема коментари