Шпанското влијание врз сицилијанската традиција е инспирација во колекцијата на Долче и Габана за пролет-лето 2015, а тоа се илустрира и во новата рекламна кампања на брендот во која главна улога има манекенката Бјанка Балти. Покрај италијанската манекенка во кампањата се појавуваат Бланка Падиља, Ирина Шарипова, Виторија Черети, шпанскиот матадор Хозе Марија Манзанарес, но и сицилијански бабички кои на симпатичен начин ги промовираат чантите на брендот. Фотографиите ги направи Доменико Долче, едната половина на Долче и Габана.
Нема коментари