Супермоделката Кара Делевињ и музичарот Фарел Вилијамс изгледаат кралски во во новиот филм Reincarnation на креативниот директор на „Шанел“ Карл Лагерфелд, што може да се забележи во тизерот објавен денес на wwd.com. Главните протагонисти се сместени во 50-тите години на минатиот век на едно патување во Австралија, инспирирано од вистинското патување на Коко Шанел на овој континет во 1954 година, а во филмот двајцата ја изведуваат песната CC the World. Британската моделка Кара често соработува со Лагерфелд, а Фарел ќе се појави во една од идните рекламни кампањи на „Шанел“. Целата верзија на филмот ќе биде претставена на 1 декември, еден ден пред модното шоу на „Шанел“ во Салзбург за новата Métiers d’art Collection наречено „Париз-Салзбург“.
Нема коментари