Славната двојка Анџелина Џоли и Бред Пит тајно се венчаа на 23 август на својот имот, замокот Миравал, во Франција, пред само 22 гости и своите шест деца, а низ медиумите се појавија неколку неофицијални информации за свадбата. Некои се однесуваа на изгледот на венчаницата, но еве ги и официјалните фотографии – неделниците People и Hello на своите насловни страници ја објавија Анџелина Џоли, а може да се видат фотографии од првиот бакнеж и еден семеен портрет со децата.
Анџелина избра фустан од Atelier Versace, односно венчаница создадена од рацете на Луиџи Маси, еден од мајсторите кројачи во модната куќа „Версаче“ и близок пријател на актерката. Фустанот е едноставен, долг, со корсетиран дел околу градите и здолниште во А-линија, а може да се каже во одредена доза и традиционален. Но, највпечатлив и веројатно најличен елемент е белиот вел исшаран со цртежи од нивните деца Медокс, Захара, Шајло, Пакс, Вивиен и Нокс. Дел од цртежите биле рачно сошиени на задниот дел од свилениот фустан. Децата на Анџелина и Бред имале голема улога на интимната свеченост, тие впрочем постојано ги убедувале своите родители кокечно да се венчаат и јасно е зошто тој ден биле највозбудени. Бред пак на свадбата носел свој костум и наводно заборавил да понесе вратоврска, па позајмил некоја од своите синови.
Нема коментари