Модната куќа „Диор“ ја прошири листата на познати личности како заштитни лица со Ријана која се појавува во новата рекламна кампања од серијата Secret Garden. Снимена во Версај, Ријана се појавува на фотографиите на Стивен Клајн со кого направи и краток филм што ќе биде промовиран деновиве. Стилизирана од страна на Мел Отенберг, Ријана во кампањата носи креации од колекцијата Esprit Dior прикажана премиерно во Токио, во декембри 2014 година. „Таа поседува необична елеганција, ншето што веднаш го забелеќавме, а и не претстанува да изненадува. Може да биде непредвидлива и нам тоа многу ни се допаѓа“, велу Сидни Толедано, извршниот директор на компанијата „Диор“. Брендот уште во март годинава го потврди ангажманот на Ријана, со што таа е првото црномурестo заштитно лице на „Диор“.
Нема коментари